И најдобрите грешат, погледнете компилација од утнатите пенали на Меси (Видео)

Најдобриот фудбалер на светот за 2019 година, Лионел Меси, речиси и да нема слаба точка во својата игра, најчесто го критикуваат дека десната нога му е многу послаба и дека поради висината е немоќен во воздушни дуели, но тој и кога шутира со лева нога од 11 метри, знае да погреши.

Меси има изјавено дека полесно му е да изведува слободни удари отколку пенали бидејќи притисокот кај пеналите е многу поголем и некои од тие утки од белата точка долго се паметат.

Сите голмани кои ќе се најдат со Меси очи во очи треба да го погледнат ова видео, а и сите други кои сакаат да видат која е најчестата грешка на Аргентинецот кога изведува најстрога казна.

- Оглас -

Најнови вести