НБА ѕвездите беа збунети: Кога треба да се изведе слободно фрлање може „мува може да се слушне како зуе“ (Видео)

НБА шампионот Годен Стејт вориорс е на турнеја во Јапонија, каде веќе одигра два контролни меча, како подготовна за новата сезона. Во двата меча, противник беше Вашингтон визардс, а шампионот во петокот победи со 96:87, а утрово Воините се радуваа на триумф од 104:95.

Стеф Кари со 17 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Кристапс Порзингис со 18 поени беше прв стрелец кај Волшебниците.

Двата меча кои ги одиграа овие два НБА тима покажаа колку е различна јапонската публика во споредба со навивачите во САД или во Европа. Во Јапонија кога на линијата за слободни фрлања ќе застанеше некој кошаркар да шутира, сите во салата замолчуваа, за да може да се овозможи целосна концентрација на кошаркарот кој треша да шутира.

Јапонија заедно со Индонезија и Филипини ќе бидат домаќини на следното светско кошаркарско првенство кое ќе се игра 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести