И новата ѕвезда на Голден стејт се повреди

Ги нема Кари, Томпсон, Грин не може да пружи максимум кога нема помош од соиграчите, а сега се појави уште еден проблем за предводникот на Голден стејт Стив Кер. Новата ѕвезда на Воините Д‘анџело Расел, се здоби со повреда на палецот и во наредните две недели ќе биде вон строј.

Одличниот бек се повреди во последниот меч на Голден стејт, односно во поразот од Бостон селтикс, па за 14 дена одново ќе му извршат детални прегледи за да добие зелено светло за настап. Расел и претходно сезонава отсуствуваше поради повреди, пропупшти три натпревари на стартот од овој месец.

Катастрофалната сезона за Голден стејт продолжува, моментално вицешампионот е најнеефикасен тим во лигата со само две победи по 13 меча.

- Оглас -

Најнови вести