И од кризата може да се заработи – Барса продава маски со клупските бои (фото)

Спортските колективи глобално претрпеа огромна финансиска штета од пандемијата со корона-вирусот, а голем дел од клубовите стравуваа од банкрот. Ќе биде потребно време да се стабилизираат економски, но некои европски гиганти најдоа начин како да заработат за време на кризата.

Барселона во продажба пушти заштитни маски со клупските бои и амблемот, а едно парче чини 18 евра. Доста солена цена за обична маска, која е неопходен елемент за заштита од ширење на ковид-19. Маските се достапни во неколку модели, а една од нив е направена со каталонските бои жолта и црвена.

https://twitter.com/goal/status/1265874189338230785

- Оглас -

Најнови вести