И Олимписките Игри најверојатно ќе се одложат

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) на денешниот состанок донесе одлука околу одржување на Олимписките Игри во Токио кои се закажани за претстојното лето. Одлучено е дека четири недели рок е доволно време да се размисли и да се одлучи дали ОИ ќе се преместат за следната година.

Поради пандемијата со коронавирусот спортот е во застој во речиси цела Европа, а веќе е познато дека Европското првенство во фудбал и Копа Америка кои требаше да се одржат ова лето се одложени за следната година. Се чини дека и одлуката на МОК ќе биде слична, Олимписките игри да се одржат во 2021 година, додека останатите две алтернативи се одржување на ОИ кон крајот на оваа година, или дури во 2022 година.

Бројот на заразени од вирусот Ковид-19 расте секојдневно на светско ниво, па затоа не може да се гарантира здравствената безбедност на спортистите и фановите кои би присуствувале во Токио за време на глобалниот спортски собир.

- Оглас -

Најнови вести