И ова го има во фудбалот – Лаутаро ќе го продолжи договорот со Интер со анти-Јувентус клаузула

Лаутаро Мартинес ќе го продолжи договорот со Интер до 2025 година и ќе има посебна клаузула во договорот што ќе се однесува само за најголемиот ривал Јувентус.

Отштетната клаузула во Италија веќе ја именуваа како анти-Јувентус и ако Аргентинецот одлучи предвреме да замине кај Старата дама, на пример, отштетата што треба да ја плати шампионот на Италија ќе биде 175 милиони евра.

За сите останати клубови таа ќе биде помала, а сумата точно ќе се знае во ноември, за кога е закажано продолжувањето на договорот на опасниот стрелец и напаѓач.

Интересно е што Интер бараше 120 милиони евра отштета од Барселона ова лето за да ѝ го продаде Мартинес, иако Каталонците според една клаузула од договорот меѓу Аргентинецот и неговиот сегашен клуб, имаа можност да го спојат аргентинскиот тандем Меси – Лаутаро ако платеа 111 милиони евра.

До трансфер не дојде, па Интер сега најавува подолг престој на одличниот напаѓач на „Џузепе Меаца“ со една од најинтересните отштетни клаузули во историјата на фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести