И по смената на тренерот, квотата за Баерн дека ќе ја освои Лигата на шампионите остана иста

Промената на тренерот во Баерн Минхен не донесе промена во квотата за освојувач на Лигата на шампионите. Квотата дека Баварците ќе станат европски прваци во Sport Life остана 4.00, каква што беше и додека беше тренер Јулијан Нагелсман.

Баерн е трети фаворит за ушлестиот пехар, зад нивниот четвртфинален ривал Манчестер сити и Наполи.

Новиот тренер на Баерн, Томас Тухел, пред две сезони покажа дека знае да ја освои ЛШ со тим кој го презел среде сезона. Тоа му успеа со Челзи, сега ќе проба да го повтори успехот и со германскиот гигант, иако патот ќе му биде ептен тежок, по евентуален триумф над Сити, би играл полуфинале со Реал Мадрид или Челзи.

- Оглас -

Најнови вести