И Погба уживаше на јубилејниот 40-ти роденден на Ибра во песните на Нада Топчагиќ (Видео)

Златан Ибрахимовиќ синоќа го прослави јубилејниот 40-ти роденден. Во елитен хотел во Милано, популарниот Ибра го собра пријателите, меѓу кои беше и Пол Погба од Манчестер јунајтед. Забавата почна со прославениот хит од некогашна Југославија, „Јутро је“, а го пееше Нада Топчагиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nada Topcagic (@topcagicnada)

Токму Топчагиќ прва му посака среќен роденден на Златан, додека останатите гости играа во ритамот на песната која го следи голгетерот во текот на целата кариера. „Јутро је“ е песна која Златан ја обожава и често ја пушта и во соблекувалната без разлика во кој клуб играл.

На едно од видеата се забележува и Марко Верати, кој аплаудира на песната и игра во ритамот, а се обидува и да ја запее песната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести