И покрај елиминацијата, играчите на Аталанта беа пречекани како победници (видео)

Аталанта се врати дома по вчерашната елиминација од Лигата на шампионите. Божицата беше блиску до сензација, меѓутоа ПСЖ со два гола во финишот се избори за пласман во топ-4 фазата.

Иако бајката за оваа сезона заврши за избраниците на Гасперини, тие во Бергамо беа пречекани како херои од неколку стотици навивачи. Да беше сценариото малку поразлично, сигурно оваа прослава би била помасовна и со поголема доза на еуфорија.

- Оглас -

Најнови вести