И „роботот“ на раб на солзи, тоа е магијата на Светското првенство

Кога еден ладен Скандинавец ќе заплаче или ќе биде на работ на солзи после добро одигран натпревар и успех, тоа е доказ дека направил нешто големо.

За голгетерот Ерлинг Халанд, пласманот во четвртфиналето на Светско првенство со Норвешка елиминирајќи го петкратниот првак Бразил во осминафинале, е врв на кариерата. Кога ќе го видите Халанд како е на работ на солзи, сфаќате дека Мундијалот е посебна магија. Тој со два гола ја однесе Норвешка во досега за нив непознати води, првпат се во четвртфинале на СП во фудбал, но како „веслаат“, можеби ќе стигнат и многу подалеку.

Солзи имаше и на другата страна, кај Бразилците, кои не се навикнати да испаѓаат толку рано. Да загубеа од Франција, Шпанија или Аргентина, можеби и ќе им простеа, вака, тешко. Нејмар веројатно веќе нема да го видиме на СП и тој е свесен, па затоа не можеше да го запре солзите. Пораз на СП боли многу повеќе од било кој друг.

- Оглас -

Најнови вести