И Роналдо гледаше снимка на ВАР (Видео)

Јувентус викендов без поголеми проблеми ја совлада Рома со минимални 1-0, а победата на „старата дама“ можеше да биде и 2-0 бидејќи во судиското продолжение Даглас Коста даде гол. Сепак, судијата откако ја прегледа снимката, го поништи голот на Даглас, кој беше постигнат по асистенција на Кристијано Роналдо.

Се појави снимка на која еден навивач од трибините го „фати“ Роналдо како стои на аут-линијата обидувајќи се самиот да ја види снимката и да се увери дека голот навистина е нерегуларен и дека сепак ќе го заврши мечот без гол или асистенција. Тој повеќе си верува себеси отколку на судиите и сакаше сам да ја „ѕирне“ повторената снимка од спорниот момент.

Фановите на Јуве сметаа дека голот треба да биде признат, но судијата одлучи поинаку.

Погледнете како Роналдо „му го чуваше грбот“ на судијата додека гледаше снимка:

https://www.youtube.com/watch?v=sDvhBhMLciA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести