И тоа го дочекавме: Болт почна да одбива фудбалски понуди

Освојувачот на осум златни олимписки медали и светски рекордер во спринт, Јусеин Болт веќе е фудбалска ѕвезда. Болт заигра во австралискиот тим Централ Коуст Маринерс и за многу брзо време почна да постигнува и голови. Со игрите во овој тим, за Болт се заинтересираа повеќе екипи, па некогашниот спринтер почна и да одбива понуди.

Шампионот на Малта, Валета му понуди договор на Болт, но овој веднаш ја одби. Во Валета од неодамна главен финансиер е конзорциум од Абу Даби. Богатиот нов газда вели дека главна цел ќе му биде за неколку години да го одведе тимот до пласман во Лигата на шампиони.

Уште додека беше активен на атлетската патека, Болт постојано потенцираше дека сака да биде професионален фудбалер, па неколку пати можеше да се забележи како тренира во англискиот гигант Манчестер јунајтед. Има одработено и неколку тренинзи и со германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести