И тоа се случи: Шкотскиот првак загуби првпат по 17 месеци (видео)

Шкотскиот првак Ренџерс веќе во второто коло од новата сезона претрпе шокантен пораз на гостувањето кај Данди со 1-0. За тимот на Стивен Џерард ова е прв првенствен пораз по 17 месеци пауза и по 40 натпревари, со оглед на тоа дека минатата сезона титулата беше освоена без грешка.

Ренџерс пред овој меч последен пораз паметеше од 4 март 2020 година, со минимални 1-0 загуби од Хамилтон на домашен терен.

Инаку денеска сензацијата ја приреди Робсон во 64-тата минута, откако ја искористи деконцентрацијата на одбранбената линија на Ренџерите.

https://streamable.com/qo5bx2

- Оглас -

Најнови вести