И тоа се случи: Тренер доби црвен картон поради смешна симулација дека е повреден (Видео)

Балканскиот фудбал е посебно привлечен за сеирџиски ситуации, а една таква се случи на мечот од Втората лига на Република Српска во Фоча. Играа Сутјеска и Леотар, а победија домаќините со 1:0, благодарение на голот уште во втората минута од мечот.

Сепак, постигнувањето на голот не беше најзначајниот момент на мечот. Домашниот тренер направи незапамтен потег, кога една топка заврши во неговите нозе, а тој падна како покосен, жалејќи се дека е повреден. Судијата не „падна“ на оваа симулација на стратегот, па му додели црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести