И центрите знаат да погодат тројка за победа (видео)

Индијана пејсерс го одбрани домашниот терен против Портланд со конечни 106:100 во неизвесната пресметка која се одигра во Индијанаполис. Пејсерси до 35-тата овосезонска победа стигнаа со клучната тројка која ја погоди центарот Мајлс Тарнер на 10 секунди до крајот за домаќините да избегаат на +6 поени предност.

Тарнер иако е центар, не се уплаши од одговорноста да ја шутне тројката во клучните моменти и притоа погоди преку раката на Вајтсајд како цел живот да ги изведува овие шутеви од далечина.

Мечот го заврши со дабл-дабл од 14 поени и 10 скока, но најефикасен кај домаќините беше Сабонис со дабл-дабл од 20 поени и 11 скока. За гостите не беа доволни 28-те поени на Меколум.

ЛА лејкерс и без Леброн Џејмс ја запишаа седмата последователна победа, односно 45-та за оваа сезона на гостувањето кај Вориорс со убедливи 116:86. Кралот одмораше за овој меч и се испостави дека тоа е добра одлука бидејќи работата ја завршија Дејвис и Кузма.

За убедливиот триумф клучна беше третата четвртина која Езерџиите ја добија со 40:17, па во последните 12 минути само ја одржаа високата преднсот. Дејвис заврши со 23 поени, Кузма додаде 18, додека кај домаќините најрасположен на теренот беше Паскал со 23 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=hPKg4zvojn8

Останати резултати:

Филаделфија 115:106 Њујорк, Оклахома 112:108 Сакраменто.

 

- Оглас -

Најнови вести