И ВАР молчеше за ваков спектакуларен гол (Видео)

Александре Исак реагираше мајсторски во 12-тата минута од мечот со Леванте и со удар со пета му донесе предност на Реал Сосиедад.

При акцијата за првиот погодок на мечот, имаше сомнителна ситуација, веројатно и фаул на Порту, но судијата Пизаро не реагираше и во продолжение шпицот на гостите погоди на маестрален начин.

Потоа се чекаше за потврда од ВАР-собата за водечкиот гол на Реал Сосиедад и тој беше признат, односно одлуката беше дека нема фаул од Порту.

Levante 0-1 Real Sociedad – Isak Goal from soccer

Само четири минути подоцна, Леванте, кој игра без суспендираниот Енис Барди (има пет жолти картони), израмни со голот на Хозе Моралес.

- Оглас -

Најнови вести