И во Лигата на Европа треба ВАР: Судиите се извинуваа за пеналот против Рома

Рома прими гол во 95-тата минута од пенал и наместо три, освои еден бод во дуелот со Борусија Менхенгладбах во меч од Лигата на Европа бидејќи дуелот заврши 1:1. Римската волчица протестираше за начинот на којшто беше досуден пеналот против нив.

Борусија напаѓаше, топката го удри Крис Смолинг во главата, а арбитерот покажа пенал за гостите. Комичниот пенал може да го видите ТУКА.

Гостите од Германија го искористија подарокот и стигнаа до реми, со кое ги задржаа шансите за пласман во нокаут-фазата. По завршување на мечот, од Рома велат дека судиите си ја признале грешката.

„По мечот разговаравме со судиите и тие ни признаа дека одлуката за пенал била погрешна.Го цениме тоа и им благодариме на искреноста. Сега ќе се фокусираме на следниот меч“, стои во соопштението на Рома.

Додека Рома се чуди каков пенал досудија арбитрите на „Олимпико“ во Белград, ситуацијата беше сосема поразлична. Партизан жали што не ремизираше против големиот Манчестер јунајтед, а како главен виновник за тоа го гледаат судијата.

Пред крајот на мечот во Белград, Партизан напаѓаше, а во една ситуација дефанзивецот на гостите играше со рака, но тоа не беше доволно за да има пенал. Ако во Рим беше досуден удар од белата точка за играње со глава, во Белград играњето со рака не беше доволно за пенал. Според овие ситуации, станува јасно дека и во групната фаза на Лигата на Европа во скоро време ќе мора да се воведе ВАР-технологијата за да нема вакви грешки на делителите на правдата.

- Оглас -

Најнови вести