И за 15-тина години може да гледаме мајстории од Меси (Видео)

Лионел Меси, најдобриот фудбалер во светот, повеќе од 15 години восхитува со своите мајстории на теренот. Меси е рекордер со шест Златни топки, а и сезонава блеска. Наскоро Меси ќе наполни 33 години, па за некоја година сигурно ќе мора да се прости од активното играње.

Секако дека кога Меси ќе се пензионира, светскиот фудбал многу ќе загуби. Сепак, постои надеж за 15-тина години повторно да гледаме еден Меси на теренот. Се работи за Матео, синот на Лео, кој покажува најмногу амбиции да тргне по стапките на татко му.

Меси се пофали како во својот дом игра фудбал со Матео и Тијаго, а токму Матео е тој кој е задолжен за постигнување голови. Ако продолжи да се развива во стилот на својот татко, Матео ќе биде во центарот на вниманието за 15-тина години.

https://twitter.com/i/status/1224777526213586950

 

- Оглас -

Најнови вести