Иако најави дека ќе игра, Ѓоковиќ се откажа од важниот турнир во САД!

Новак Ѓоковиќ нема да игра на Индијан Велс. Ова го откри организаторот, иако претходно Ѓоковиќ најави дека ќе биде дел од овој Мастерс турнир.

„Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ го откажа учеството“, стои во потврдата дека Србинот нема да игра.

Ѓоковиќ оваа година освои три од четирите гренслем-турнири, а малку фалеше да ги комплетира сите четири, но во тоа го спречи Данил Медведев, откако Русинот беше подобар од Ноле во финалето на Отвореното првенство на САД.

 

- Оглас -

Најнови вести