Ибра добива конкуренција во МЛС: Кавани ќе игра за тимот на Бекам

Единсон Кавани, искусниот голгетер на ПСЖ, според информациите на американскиот медиум „ФОКС Депортес“, од јуни 2020 година ќе стане член на Интер Мајами. Новоформираната франшиза во сопственост на Дејвид Бекам ќе биде дел од МЛС-лигата од следната сезона, а легендарниот британски ексрепрезентативец работи со полна пареа да состави конкурентен тим.

Уругваецот, наводно, како слободен играч ќе се преселу преку Барата откако ќе му истече договорот со Светците по крајот на оваа сезона.

Доколку информациите се точни, триесет и тригодишниот напаѓач ќе ги напушти редовите на францускиот првак како рекордер по бројот на постигнати погодоци – на вкупно 281 натпревар запиша 194 гола. Со доаѓањето на Кавани во МЛС-лигата, ѕвездата на ЛА галакси Златан Ибрахимовиќ ќе добие вистинска конкуренција, иако двајцата беа согирачи во ПСЖ неколку сезони.

Инаку, Интер Мајами досега потпиша со тројца фудбалери, Матијас Пелегрини и Хулијан Каранза од Аргентина, како и Кристијан Макун.

- Оглас -

Најнови вести