Ибрахимовиќ го пропушта реваншот!

Милан ќе жали што не успеа да го сочува минималното водство против Јувентус во првиот полуфинален меч во Купот на Италија. Росонерите примија гол во 90-тата минута, откако Роналдо реализираше пенал и ги постави конечните 1-1, па сега тренерот Стефано Пиоли има голем проблем во пресрет на реваншот.

За тој меч нема да смета на искусниот Златан Ибрахимовиќ, кој ќе го пропушти мечот во Торино поради суспензија од жолти картони. Покрај Швеѓанецот, од комбинација отпаднаа Саму Кастилјехо и, секако, Тео Ернандес, кој предвреме ја заврши средбата на „Сан Сиро“ откако доби два жолти картони, односно црвен и исклучување во 71-вата минута.

Реваншот на „Алијанц стадионот“ е закажан за 4 март во истиот термин, 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести