Ибрахимовиќ направи ножички во море, иако до половина беше во вода (Видео)

Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ со нов трик се пофали на социјалните мрежи и доби многу лајкови. Овојпат ѕвездата на Милан направи ножички во вода и сето тоа изгледаше многу атрактивно за гледање.

Како пропратен текст на видеото со неговиот потег, кога ја шутна топката преку глава иако до половина беше во вода, Ибра, кој во октомври ќе наполни 39 години, напиша: „Боже зачувај ја кралицата“, како што е насловот на химната на Велика Британија. Со ова, Ибра сакаше да потсети на неговиот неверојатен гол со ножички против Англија во 2012 година.

- Оглас -

Најнови вести