Ибрахимовиќ: Направив глупост, но повторно би го патосирал Аспиликуета

Златан Ибрахимовиќ со Шведска не успеа да обезбеди директен пласман на Светското првенство во Катар, откако во решавачкиот меч загуби на гости кај Шпанија. Дуелот го одбележа еден инцидент во кој токму Ибрахимовиќ беше во главна улога.

Додека играчите се подготвуваа за изведување на еден корнер, Ибрахимовиќ со рамото буквално го разнесе Аспиликуета.

Златан прво се чудеше и се правеше дека и тој бил турнат, но по неколку дена призна дека намерно го удрил противникот.

„Намерно го удрив. Не се срамам да го кажам тоа затоа што претходно тој направи една глупост на еден мој соиграч. Направив глупост, но повторно би го направил тоа затоа што треба да знае дека не смее така да се однесува со моите соиграчи“, објасни Ибрахимовиќ за својот потег направен на дуелот Шпанија – Шведска.

- Оглас -

Најнови вести