Ибрахимовиќ со гол од слободен удар прослави ветерански рекорд (Видео)

Златан Ибрахимовиќ му донесе водство на Милан од 1-0 на гостувањето кај Џенова, а Горан Пандев е на клупата за резерви и се очекува да влезе во вториот дел.

Шведскиот 40-годишен фудбалски велемајстор со овој гол го изедначи рекордот на Силвио Пиола од 31 погодок во Серија А постигнати од страна на играч на возраст над 38 години.

Од 38-миот роденден на Ибра наваму, тој има дадено 31 гол во италијанската лига и сигурно нема да застане на оваа бројка, туку ќе постави нов рекорд и ќе го подобрува во следниот период.

- Оглас -

Најнови вести