„Идниот капитен“ ќе се раздели со Рома

Рома утринава ја потврди информацијата дека Даниеле де Роси ќе го напушти клубот по цели 18 години. Капитенот на „римската волчица“, или како што го нарекуваат тифосите на Рома, „Идниот капитен“ (прекарот го доби бидејќи го сметаа за наследник на Франческо Тоти во улога на капитен), на 26 мај, односно во последното коло од Серија А против Парма ќе го одигра последниот меч во дресот на тимот од Рим.

Де Роси е голем миленик на навивачите на Рома бидејќи потекнува од главниот град на Италија, а цела своја кариера ги бранеше боите само на овој клуб. Откако во 2001 година дебитираше за првиот тим, настапи вкупно на 615 натпревари, постигна 63 погодоци и запиша 53 асистенции, па јасно е зошто Де Роси е клупска легенда.

Де Роси ја претставуваше репрезентацијата на Италија на вкупно 117 натпревари, настапи на осум Светски и Европски првенства, а секако, најдраг репрезентативен собир му е Мундијалот од 2006 година, кој се одржа во Германија, каде што Аѕурите по четврти пат станаа светски шампиони.

Разделбата со Рома не значи дека Де Роси ќе се пензионира, претстојното лето ќе го искористи да најде нов ангажман подалеку од неговиoт мaтичен клуб.

Плачеше „Олимпико“ пред две години по пензијата на Франческо Тоти, а ќе плаче и сега.

- Оглас -

Најнови вести