Игор Штимац: „Колку пати мора да биде поразена петокраката за да исчезне од овие простори?“

Откако во финалето на Купот на БиХ навивачите на Вележ истакнаа знаме на поранешна Југославија, тренерот на Зрињски, Хрватот Игор Штимац, имаше контроверзна објава на „Фејсбук“ која предизвика голем број реакции и коментари.

„Колкупати петокраката мора да биде поразена за да исчезне од овие простори“?, праша Штимац.

Штимац по мечот влезе во конфликт со навивачите на Вележ, им покажа среден прст и следуваше вербален судир, но оваа објава ги „запали“ коментарите.

„Петокраката ти ги ослободи Далмација и Истра од Италијанците“, беше еден од најлајкуваните коментари, а има и слики од Штимац во дрес на Хајдук во времето кога на грбот на сплитскиот тим беше комунистичкиот симбол.

Screenshot
- Оглас -

Најнови вести