Игра против тим што може да испадне, но ПСЖ ваков нокаут во Франција немал со години

Францускиот првак Пари Сен Жермен одигра кошмарно прво полурвеме на гостувањето кај Амиен. Тимот кој е убедлив лидер во првенството, по првите 45 минути губи со 3:1 на теренот на тим кој е во зоната за испаѓање.

Амиен во досегашните 24 кола има освоено 20 бодови и е на претпоследното место на табелата, но одигра фантастично прво полувреме против фаворитот. Домаќините дадоа три гола за 40 минути игра и поведоа со убедливи 3:0, а ПСЖ во последната минута од првиот дел намалија на 3:1.

Педантните статистичари пресметаа дека ПСЖ во меч од домашното првенство, три гола во првото полурвеме не примил цели осум години. Последен пат такво нешто се случило во февруари 2012 година, кога на мечот против Олимпик Лион, ПСЖ на полувремето губеше со 2:3, а на крајот средбата заврши 4:4.

Сега останува ПСЖ во второто полувреме да се обиде да направи целосен пресврт на дуелот на кој беше голем фаворит.

- Оглас -

Најнови вести