Играа Македонија и Романија, а од четирите гола, три дадоа Бразилци

Македонија ремизираше 2-2 против Романија во натпревар од второто коло од групата 4 во квалификациите за Европското првенство во футсал.

Средбата се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Во првото коло Македонија беше поразена од БиХ со 1-2, а Романците во првото коло имаа идентични 2-2 против Србија. Со овој резултат тимот на селекторот Васко Скендеровски останува со шанси за пласман на ЕП.

Македонската репрезентација поведе со голот на Дандан, а само 32 секунди подоцна изедначи Фелипе. Водечкиот гол за гостите го постигна Карлос Енрике Рибеиро во 33-тата минута, но изедначувањето дојде преку нашиот капитен Дарко Ранготов.

 

- Оглас -

Најнови вести