Играат во Лига на шампиони, а дури во 5 коло сезонава победија првпат во домашното првенство

Севилја дури во петтото коло сезонава дојде до својата прва победа во шпанската Ла Лига. Андалузијците на гости го победија Еспањол со 3-2 и засега тренерот Хулен Лопетеги не треба да стравува од смена.

Севилја водеше со 3-0, а со 1-0 поведе после само 46 секунди игра. Севилја во минатата сезона ниту еднаш не прими три гола на гостувањата во лигата, а денеска за малку ќе им се случеше тоа.

Еден од головите за Еспањол беше дело на Мартин Брајтвајт. Данецот кој беше отпишан од Барселона, стана еден од седумте играчи во историјата на Еспањол кои давале гол на своите први два настапи во дресот на овој клуб.

- Оглас -

Најнови вести