Играч на Анже: Веќе се заморивме со ВАР системот, фрлени се милиони и не знаеме да го користиме правилно

Ромејн Томас вели дека фудбалскиот свет полека се заморува од чудни одлуки со помош на ВАР технолгијата, а според него пеналот за Пари Сен Жермен против неговиот Анже вчера не требаше да биде досуден.

Мауро Икарди со удар со глава што не одеше во голот на Анже изнуди пенал, откако топката го удри во рака Капеле и тоа сосема ненамерно.

Томас вели дека претходно во акцијата по која беше досуден пеналот Икарди направил фаул над него.

Килијан Мбапе погоди од белата точка во 87. минута и ПСЖ победи со 2:1, а Анже на несреќен начин остана без бодови на „Паркот на принцовите“ во Париз.

„Некако сите се заморивме од ВАР системот. Можеби е добра, но ние не знаеме да ја користиме. Пред пеналот за ПСЖ, Икарди направи чист фаил над мене. Ме повлече со рака и јас загубив рамнотежа. Потоа си направи позиција од која беше досеуден пеналот. Фрлени се милиони евра за ВАР технологијата и повторно има многу неправедни одлуки“, вели Томас.

Анже водеше со 1:0 против ПСЖ по првото полувреме, но потоа се случи пресврт и фаворитот славеше нова победа, а клучен беше спорниот момент во финишот со кој Светците ги освоија бодовите.

 

- Оглас -

Најнови вести