Играч на Арсенал не си заминал од СП во Катар поради приватни причини туку бил избркан

Репрезентацијата на Англија се подготвува за утрешниот четвртфинален натпревар на Светското првенство против бранителот на трофејот, Франција, а одличната атмосфера во таборот на Гордиот Албион не ја наруши ниту веста дека еден играч бил избркан од националниот тим.

Имено, дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт, на 30. ноември ја напуштил репрезентацијата, а јавноста и медиумите за вистинската причина дознаа дури вчера.

Вајт не настапи на ниту еден натпревар на СП во Катар, а Фудбалската федерација на Англија и селекторот Герет Саутгејт, на 30 ноември изјавија дека тој си заминал поради приватни причини.

Но, денеска, англиските медиуми пишуваат дека Вајт всушбост бил избркан од репрезентацијата поради конфликт со Стив Холанд, асистентот на селекторот Саутгејт.
Вајт немал ниту најдобри односи со останатите репрезентативци, а чашката се прелила за време на тимскиот состанок пред натпреварот со САД.

Вајт, не ги знаел неговите лични податоци од тренинзите, ниту информациите за следниот противник на Англија, што резултирало со вербален конфликт, а потоа и негово заминување.

- Оглас -

Најнови вести