Играч на Црвена ѕвезда имаше Коронавирус, па беше негативен, за сега повторно да покаже дека е позитивен

Српскиот првак Црвена ѕвезда објави дека шестминиа фудбалери биле позитивни на Коронавирусот на последното тестирање кое било направено во пресрет на стартот на подготовките за новата сезона. Малку чудно делува тоа што Бранко Јовановиќ пред околу две недели беше тестиран позитивен на опасниот вирус, подоцна тестот му покажал дека е негативен, за сега повторно, третиот тест да му сигнализира дека има Коронавирус.

Сите шестмина заразени се чувствуваа добро и немаат никакви симптоми, но секако дека ќе го пропуштат првиот дел од подготовките.

„Црвена ѕвезда сака да ја извести јавноста дека по направените последни тестирања пред почетокот на летните подготовки, на Коронавирусот позитивни се шестмина играчи. Треба да се истакне дека сите останати добија негативен наод, односно дека немаат Коронавирус. Црвена ѕвезда ги превзема сите потребни мерки за заштита и така ќе биде и во иднина“, стои во дел од соопштението на шампионот на Србија.

- Оглас -

Најнови вести