Играчите на Наполи одбија послушност кон претседателот на клубот

Една од познатите казнени мерки во италијанскиот фудбал е казнениот карантин. Играчите на Наполи добија таква мерка по поразот од Рома во Серија А, но синоќа покажаа дека нема да ја почитуваат оваа одлука на претседателот на клубот, Де Лаурентис.

Наполи на свој терен одигра 1:1 против Салцбург, но и покрај ремито, калчолигашот е во позиција да се избори за место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Интересно беше тоа што се случуваше по мечот со Салцбург. Тренерот Карло Анчелоти и еден од играчите одбија да се појават на официјалната прес-конференција. Од УЕФА беа збунети зошто нема преставници на Наполи на прес-конференцијата и затоа италијанскиот тим ќе добие казна.

По мечот, најголем дел од играчите одбија да се вратат во тренинг-базата Кастел Волтурно и си заминале дома. Фудбалерите се консултирале и со адвокат, кој им потврдил дека клубот нема право вака да ги казнува, иако ваквата пракса не е непозната во Италија.

Фудбалерите и тренерот му испратија порака на Де Лаурентис, па сега на потег е првиот човек на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести