Играчите на Наполи живеат во страв

Фудбалерите на Наполи воопшто не се во добри односи со навивачите. Кризата во клубот ги надмина сите граници, нема согласност меѓу тимот и управата, дел од ѕвездите се во бунт против претседателот Де Лаурентис. Иако зад нив застана и тренерот Карло Анчелоти, најверните фанови на Наполи се на страната на првиот човек, а некои од нив решија да ги преземат работите во свои раце.

Алан и Пјотр Зјелински минатата недела беа жртви на насилство од страна на лутите навивачи, двајцата секојдневно добиваат заканувачки пораки на социјалните мрежи, додека имало обид за кражба во домот на бразилскиот играч за врска. Затоа дефанзивецот Кулибали одлучи да ангажира обезбедување за него и за неговото семејство.

Споменатите фудбалери во меѓувреме одбивале да се појават на тренинг исто така поради страв дека може да бидат нападнати. Управата уште повеќе сака да ги разгори проблемите подготвувајќи скратување од 25 отсто од платите поради непочитување на клупските обврски.

 

- Оглас -

Најнови вести