Играчот кој сакаше да го донесе Куман во Барселона се договори со Манчестер јунајтед!

Дони ван де Бек треба да биде првото големо засилување за Манчестер јунајтед во новата сезона. Црвените ѓаволи го договорија холандскиот репрезентативец, кој за 40 милиони фунти треба да се пресели од Ајакс на „Олд Трафорд“.

Фудбалерот за кој се интересираше и Роналд Куман и требаше да биде засилување за Барселона ќе остане верен на Манчестер во следните пет години. Се очекува тој да биде подготвен дури и за првиот меч од сезоната во Премиер лигата, кога Манчестер игра против Кристал палас на 19 септември.

Ван де Бек го покажа целиот свој талент пред две сезони во Лигата на шампионите, кога беше еден од клучните играчи што го одведоа Ајакс до полуфиналето. Дека договорот со Манчестер е реалност и треба да се завршат само формалностите, покажува и фактот дека Ван де Бек беше изоставен од составот на Ајакс за пријателските мечеви против Ајнтрахт Франкфурт и Унион Берлин.

 

- Оглас -

Најнови вести