Играчот на Хамбургер објасни зошто влезе на трибина да се тепа со фановите од Дрезден (Видео)

По натпреварот од 16-финалето од Купот на Германија помеѓу Динамо Дрезден и Хамбургер дојде до инцидент, во кој фудбалерот на ХСВ, Тони Лајстнер, кој е роден во Дрезден, а едно време играше и за Динамо, влезе на трибината на која беа фановите на Динамо и предизвика мешаница кога се обиде физички да се пресмета со оние кои најжестоко го навредуваа.

Лајстнер објасни зошто насилнички тргна кон групата фанови на Динамо.

„По мечот во мојот роден град морав да слушам навреди. Обично не може да дојдат до мене, но овојпат беше прилично непријатно. Ги нападнаа и ги навредуваа мојата трудна сопруга и ќерката. Тогаш ја загубив контролата, сфаќам дека не смееше тоа да се случи. Се извинувам и ветувам дека нема да се повтори колку и да ме навредуваат“, изјави Лајстнер.

Навивачите на Динамо освен навредите кон жената и ќерката, имале и морбидни повици, порачувајќи дека се надеваат дека сопругата ќе го загуби детето кое го чека со играчот на Хамбургер.

https://www.youtube.com/watch?v=nFo2sv0mlkA&feature=emb_logo

- Оглас -

Најнови вести