Играв против Роналдо, Меси, Мбапе, но најтежок противник ми беше…

Фернандињо е еден од сегашните фудбалери на Манчестер сити со најдолг стаж во клубот, а и како член на бразилската репрезентација имал прилика да се соочи со најдобрите фудбалери на светот. Ѕвездите кои се на самиот врв, Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Нејмар, Килијан Мбапе, Фернандињо имал прилика со сите да ги одмери силите, но само еден му оставил посебен впечаток.

„Меси, Роналдо, Нејмар, Мбапе, сите тие се врвни фудбалери со кои сум се соочил, но за мене дефинитивно најтежок предизвик ми беше Диего Коста додека беше во Челзи. Беше во сјајна форма и речиси несовладлив. Се надевам дека повторно ќе се сретнеме“, истакна Фернандињо.

Диего Коста веќе извесно време ги брани боите на Атлетико Мадрид, што значи дека само преку континенталните натпреварувања Фернандињо може да добие прилика да се соочи со тешкиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести