Игуаин во дебито за Челзи покажа дека е играч-господин (Видео)

Челзи без никакви проблеми го совлада Шефилд Вензди и се пласираше во 1/8-финалето на ФА купот. Вилијан беше играч на мечот постигнувајќи два гола, но потегот на средбата му припадна на Гонзало Игуаин. Аргентинецот кој пред неколку дена дојде во Лондон од тимот на Милан, дебитираше во дресот на Челзи, а уште во првиот меч покажа дека е вистински господин и на теренот.

Во 25-тата минута беше досуден пенал за Челзи, Вилијан ја зеде топката и веднаш тргна кон Игуаин. Вилијан му ја подаде топката на Аргентинецот и го понуди тој да го изведе пеналот, за да може уште во дебито за новиот клуб веднаш да се запише во листата на стрелците.

Сепак, Игуаин, кој е докажан голгетер, едноставно како да не сакаше на тој начин да го постигне првенецот во дресот на Челзи и го одби Вилијан да го шутира пеналот. Бразилецот рутински погоди за 1-0, а потоа во вториот дел даде уште еден погодок. Игуаин играше до 82-рата минута, кога беше заменет со Оливие Жиру.

- Оглас -

Најнови вести