Икарди неславно ја заврши авантурата во ПСЖ – Вечерва му соопшти на Покетино дека нема да игра

Мауро Икарди по сè изгледа ја заврши својата авантура во ПСЖ откако вечерва на 10 минути пред почетокот на средбата со Анже, му соопшти на тренерот Маурицио Покетино дека не може да игра.

Аргентинецот се повреди на последниот тренинг пред средбата, па ќе го пропушти остатокот од сезоната, а налето тој ќе биде продаден.

ПСЖ славеше со убедливи 3:0 во мечот од 33-то коло, а стрелци на погодоците беа Килијан Мбапе (28′), Серхио Рамос (42′) и Маркињос во 77-мата минута.

Веќе може да се фокусираат на следната сезона бидејќи титулата во Франција е веќе обезбедена и покрај тоа што нè е официјално освоена. Тимот од Париз сега има 77 бода по 33 натпревари, 15 повеќе во однос на Олимпик Марсеј, кој има 62 бода.

- Оглас -

Најнови вести