Икарди се насмеа, фановите на Марадона збеснаа и жестоко го нападнаа

Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди, доби жестоки критики по социјалните мрежи, поради тоа што позираше насмеан кога тимот му оддаваше чест на покојниот Диего Марадона. Играчите на Светците од Париз се сликаа со аргентинско знаме и дрес на легендарниот Марадона, но фановите на Диего забележаа дека Икарди е насмеан и тоа го оценија како големо непочитување кон фудбалскиот генијалец кој почина пред три дена.

Во европскиот вицепрвак има и друго Аргентинци, Ди Марија и Паредес, но тие не се насмеани. Марадона во минатите години го критикуваше Икарди за „кражбата“ на жената на некогашниот соиграч и пријател Макси Лопес, па можеби ова е „одмазда“ на Икарди.

Во својата кариера, Марадона на „Паркот на принцовите“ играше трипати (по еднаш со Бока јуниорс, Барселона и Аргентина), а се појави и во 1995 година, кога го гледаше финалето на Лига купот на Франција помеѓу ПСЖ и Оксер.

- Оглас -

Најнови вести