Илјадници луѓе го испратија легендарниот Паоло Роси (Видео+Фото)

Херојот на италијанската фудбалска репрезентација од Светското првенство во 1982 година, Паоло Роси денеска беше погребан. По долга борба со болеста, Роси почина на 64 години. Илјадници луѓе се собраа во Виченца да му дадат последен поздрав на човекот кој ја израдува нацијата на Мундијалот пред 38 години.

Соиграчите на Роси од златната генерација го носеа ковчегот на својот соиграч, а погребот го пренесуваше и националната телевизија Раи.

„Не загубив само соиграч, тој ми беше како брат. Заедно се боревме, победувавме, понекогаш и губевме. Постојано се бодревме еден со друг дури и кога бевме соочени со разочарувања. Не очекував дека толку брзо ќе си замине“, рече Антонио Кабрини соиграчот на Роси од СП 1982 година.

Пред погребот, ковчегот со телото на Роси беше изложено на стадионот „Ромео Менти“ во Виченца, каде навивачите можеа да остават цвеќе и да оддадат почит на легендарниот фудбалер.

Роси беше прв стрелец за Виченца во Серија Б, кога успеа да ја одведе екипата во Серија А во сезоната 1976/77. Потоа беше најдобар стрелец и во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести