Уго Љорис и Сон Хеунг-мин брзо ги надминаа недоразбирањата што во финишот на првото полувреме на мечот меѓу Тотенхем и Евертон за малку ќе ги доведеше до меѓусебна тепачка, па на крајот заедно се радуваа на победа.
Тотенхем славеше со 1:0, со автоголот на Кин во 24-тата минута, но најинтересно беше веднаш по завршувањето на првото полувреме.
https://twitter.com/javoiani/status/1280221504194654209?s=20
Од непознати причини, Љорис бесен трчаше кон Сон за да се пресмета, дојде до туркање меѓу двајцата членови на домашниот тим, но за среќа, соиграчите беа блиску и спречија тепачка и поголем инцидент.
https://twitter.com/MrLukeyGeorge/status/1280238447798685696?s=20
Двајцата домашни играчи набрзина се оладија на паузата меѓу двете полувремиња и на почетокот на вториот дел дури и се изгушкаа пред да излезат на терен.
https://twitter.com/SkySportsPL/status/1280232748033212417?s=20
Тотенхем со победата вечерва се приклучи во битката за позиции што водат во Лигата на Европа. Имаат 48 бода на осмото место, за разлика од Евертон, кој има 44 бода и многу мали шанси за евронастап.