Има нешто специјално во Мурињо, Тотенхем конечно победи на гости (видео)

Уште во дебито на Жозе Мурињо на клупата на Тотенхем, се покажа дека неговото назначување за нов менаџер беше вистински потег на управата на клубот од Лондон. Португалецот за првпат ги диригираше Петлите и веднаш остварија триумф, и тоа во градското дерби против Вест хем со конечни 3-2.

Мурињо воедно успеа да стави крај на црната серија на Тотенхем од 12 првенствени натпревари на гости без триумф, во кои Петлите освоија само три бода преку три ремија и девет порази.

Чеканите делуваа црство во првиот половина час од средабата, а потоа за само седум минути Сон и Лукас ги натераа присутните на „Лондон“ стадионот да замолчат. Кејн по само четири минути во второто полувреме зголеми на недостижни 3-0, но барем домашниот тим успеа да постигне почесен гол преку Антонио во 73-тата минута.

Многу лесно можеше да биде 3-3, бидејќи Вест хем постигна два гола во судиското надополнување, но еден од нив не беше регуларен поради офсајд позиција, додека Огбона доцна стрелаше за 3-2.

Тотенхем со четвртиот триумф во ПЛ направи подвиг до шестата позиција со 17 бода, Вест хем останува на 13 бода по исто толку натпревари.

https://www.dailymotion.com/video/x7odchp

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести