Имаат најдобар напад, најдобра одбрана и само еден пораз, но сепак не станаа шампиони

Градсите ривали од Талин, Флора и Левадија во последното 32-ро коло од шампионатот на Естонија решаваа за фудбалскиот првак во земјата.

Дуелот заврши 2:2, а тоа беше знак дека на крајот ќе се радуваат гостите, на кои им беше потребен само еден бод за да ја задржат лидерската позиција пред најголемиот ривал. За Левадија ова е прва титула по пауза од седум години.

Мечот за титулата беше драматичен. Левадија поведе со 1:0 во 34-тата минута, а пред крајот на првото полувреме Флора израмни на 1:1. Тој гол беше мотив плус за домаќините дека може да стигнат до победа што ќе им донесеше титула, но и гостите имаа свои пресметки.

Во 53-тата минута Левадија повторно даде гол за водство од 2:1 на гостите. Флора израмни во 94-тата минута, но конечните 2:2 не беа доволни за домаќините да се радуваат.

Интересно е тоа што само пред пет дена, Флора со 5:1 славеше на гости кај Левадија и се очекуваше дека ќе ја повтори играта и на свој терен за да стане првак, но тоа не се случи.

На крајот, Левадија заврши со 78 бодови, додека Флора остана втора со 77 бодови. На флора џабе ѝ беше и фактот дека го имаат најдобриот напад во лигата (90 дадени гола), најдобрата одбрана (примија само 23 гола) и имаа само еден пораз. Левадија заврши со четири порази, но фактот дека новиот првак имаше само едно реми, а Флора дури осумпати ремизираше, на крајот ѝ донесе радост на Левадија.

- Оглас -

Најнови вести