Императорот пак командува во Рим – Четвртфинале за Надал без загубен сет

Рафаел Надал повторно командува во Рим и повторно игра фантастично на Форо Италико, како што тоа го правеше во минатото. Веќе доби два меча на турнирот од Матсерс серијата, а како игра повторно е главен кандидат за трофејот, што би бил јубилеен 10-ти за него на овој турнир.

Шпанецот го игра првиот турнир по долгата пауза од шест месеци, но и тоа не му пречи убедливо да победува. Вечерва го прегази Душан Лајовиќ со 6:1, 6:3 и го остави ривалот без освоен сет во меѓусебните дуели.

Надал ги освои првите 8 игри во мечот, а потоа српскиот тенисер направи низа од три гема, но само за утеха во новиот пораз од рекордерот во Рим.

Шпанецот држи дури шест рекорди на турнирот во Рим што се игра од 1930 година. Има најмногу титули, 9, играше најмногу финалиња, дури 11, единствен е со хет-трик по ред, има шест финалиња по ред, најмногу победи на турнирот, 63 и најдолга серија победи, 17 по ред.

Противник за полуфинале ќе му биде Аргентинецот Диего Шварцман, тенисер што го победи Хуркач со 2:1 во сетови.

Надал е втор носител на турнирот и ја брани титулата, што ја освои лани со победа против Новак Ѓоковиќ, кој е топ-носител на ова издание на АТП Рим.

 

- Оглас -

Најнови вести