Ињаки е цврст како карпа, од април 2016 не пропуштил натпревар, и постави шпански рекорд

Атлетик Билбао го доби малото баскиско дерби против Алавес со 1-0, стрелец беше Раул Гарсија, кој пред да погоди со шут од глава, имаше и утнат пенал. Во последните три сезони, ова е трети пат Гарсија на ист меч да има и гол и утнат пенал.

Главна ѕвезда на почетокот на средбата беше Ињаки Вилијамс од Атлетик, кој постави нов шпански рекорд, со 203 одиграни лигашки натпревари по ред.

До вечерва, Вилијамс го делеше врвот со еден друг баскиец, Хуан Антонио Ларањага, кој е некогашен член на Реал Сосиедад. Вилијамс од април 2016 годинава наваму нема пропуштено меч поради повреда, болест или нешто трето.

Во топ 5 е и екс голманот Андони Зубизарета, кој имаше 184 настапи по ред, но можеше да биде рекордер ако немаше едно отсуство на 288 меча по ред во периодот од 1981 до 1989 година.

- Оглас -

Најнови вести