Инфлуенсерката Ема Кејт Вилман стана вистински хит на социјалните мрежи откако многумина забележаа неверојатна сличност меѓу неа и норвешката фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд. Приказната стана уште поинтересна кога во коментарите се огласи и самиот напаѓач.
Таа претходно овој месец на „Инстаграм“ објави видеоупатство за тоа како се прави француска плетенка, но наместо фризурата, најголемо внимание привлече нејзиниот изглед. Видеото досега собра речиси 33 милиони прегледи и повеќе од еден милион лајкови.
View this post on Instagram
„Женската верзија на Халанд“, „Одличен гол против Бразил“, „Халанд, честитки за победата над Бразил“ се само дел од коментарите што се појавија под објавата.
На нив реагираше и самиот Ерлинг Халанд, кој кратко напиша: „Здраво“, додавајќи емотикон со кренат палец. Неговиот коментар досега има речиси два милиони лајкови.

