Иниеста доби соиграч од златното време на Барселона

Некогашната голема надеж на Барселона, Бојан Кркиќ е нов играч на јапонскиот Висел Кобе. Кркиќ кој играше во Монтреал, како слободен играч направи трансфер во Висел, каде што главна ѕвезда е неговиот некогашен соиграч од Барселона, Андрес Иниеста.

„Се е подготвено за новата дестинација. Возбуден сум и едвај чекам да започнам“, порача Кркиќ преку социјалните мрежи.

Кркиќ во Барселона дебитираше во 2007 година, но за четирите години поминати на „Камп Ноу“ не успеа да се избори за место во стартниот тим. Сепак, беше дел од златната доба, па со Барселона освои три титули во Примера дивисион, две две титули во Лигата на шампиони, две во Суперкупот на Шпанија и по еден трофеј во Купот на Шпанија, Суперкупот на Европа и ФИФА светското клупско првенство.

Освен во Барселона, Кркиќ настапуваше и за Рома, Милан, Ајакс, Алавес, Мајнц…

 

- Оглас -

Најнови вести