Интер догодина ќе плати 50 милиони евра за Барела

Интер го потврди трансферот на Николо Барела, играчот за врска на Калјари. Италијанецот на „Џузепе Меаца“ доаѓа како позајмен играч, а предвидените 50 милиони евра за него ќе бидат исплатени во јуни 2020 година. Барела инаку се согласи на петгодишен договор според кој ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона.

Тоа значи дека сепак, Барела ќе биде поскапо платен од досега рекордното засилување на Интер во клупската историја, Кристијан Виери, кој во 1999 година за 49 милиони евра пристигна во Милано, што претставуваше и светски рекорд за еден трансфер.

Сепак, овој трансфер може да биде надминат и во овој летен преоден рок, бидејќи Интер долго време се обидува да добие согласност од Манчестер јунајтед за потписот на Лукаку. Двата клубови засега не можат да најдат компросмис околу цената на Белгиецот, Црвените ѓаволи не даваат попуст и би го продале само за 85 милиони евра, додека највисоката понуда досега од Интер вредеше околу 15 милиони евра помалку.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести