Интер најде замена за Врсаљко, Соарес доаѓа на „Џузепе Меаца“

Седрик Соарес ќе биде новото зимско засилување за Интер, а двете страни се многу блиску до договор и се чека само потпис за официјално Португалецот да биде претставен на „Џузепе Меаца“.

Соарес е стандарден член на португалската репрезентација, но го загуби местото во првиот тим на Саутхемптон. Стартен десен бек на „светците“ во последно време е талентираниот тинејџер Валери, па Соарес одлучи да си замине.

Тој ќе биде замена за хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко, кој често е повреден, па можно е од Интер да се врати во Атлетико Мадрид.

Соарес има 27 години и интересно е тоа што роден е во Германија, но игра за португалската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести